Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА)Вчера во 23:40 часот, И.П.(48) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22:20 часот во паркот во населбата Ѓорче Петров, неговиот 14 годишен син бил физички нападнат од В.Т. Причина за нападот било недоразбирање кое настанало помеѓу синот на пријавителот и синот на В.Т. Потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

При вршење мотопатролна дејност на влез во село Лојане, вчера во 13:15 часот од полициски службеници било забележано патничко возило „Ауди А4“. По дадениот знак да застане, возилото не застанало и се упатило кон место викано „четирите куќи“. Потоа, возилото застанало и од него излегле мигранти, кои се дале во бегство, а возачот на возилото останал до возилото. По преземените мерки од полициските службеници констатирано било дека се работи за А.И.(24) од село Лојане. Во моментот кога бил задржан од полициските службеници, околу службеното возило се собрала група од околу 50-тина луѓе од село Лојане, по што од полициските службеници била побарана помош од друга мотопатрола од Полициската станица за Граничен надзор Сопот и А.И. бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Денеска во 03:09 часот, бил пријавен пожар на улица „Крушевска Република“ во Скопје, во фризерско студио сопственост на С.Д. (32) од село Кондово. Од огнот предизвикана била штета на фасадата од објектот и прозорите. Пожарот самиот се изгаснал околу 03,15 часот, пред да пристигне екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово денеска во 00:10 часот го лишиле од слобода А.И.(59) од Тетово чиј угостителски објект без фирма на улица „29 Ноември“ во Тетово бил отворен и работел и во кој престојувале гости. По целосното расчистување и документирање на случајот против А.И. ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Вчера околу 23:30 часот, на паркинг на улицата „29 Ноември“ во Тетово, во возило „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, затекнати биле и лишени од слобода Д.А.(31) од Тетово и А.Џ.(41) и Ш.Т.(43) од тетовско Церово. При нивен и преглед на возилото пронајден бил кокаин. Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Денеска во 01,30 часот во СВР Куманово Д.Ј.(33)  и С.М.(18) пријавиле дека околу 23,00 часот додека се возеле со патничко моторно возило “Алфа Ромео“ по ул.“Моша Пијаде“ пред нив застанал моторцикл “Априлиа“ управуван од С.П. а зад него била и А.М. А.М. физички ја нападнала  С.М. по што го напуштиле местото на настанот. Подоцна околу 23,10 часот на ул.“Трета Македонско ударна бригада“ застанало возило од кое излегле поголема група на лица меѓу кои и А.М., С.П., А.П., М.М. и физички го нападнале Д.Ј. Според пријавеното, откако С.М. се обидела да ги раздели, била нападната од А.П.. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Вчера во 20,00 часот било пријавено дека на паркинг простор пред зграда до комплекс Верина бил нарушен јавниот ред и мир со карање , викање, дрско и непристојно однесување од страна на М.К.(52) и А.Т.М.(28) од Скопје. Сочинети записници за констатиран прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ.

Во  СВР Штип, вчера во 12:16 часот Р.Ј.(81) од Штип пријавила дека  околу 11.30 часот едно лице со употреба на сила ја отворил влезната врата од нејзината куќа на ул.„Личка“ во Штип, влегол внатре, ја турнал, по што и одзел златен накит и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 06.00 часот во Полициската станица Кочани, вработен во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Кочани пријавил дека ноќта на 15/16.06.2020 година непознат сторител со употреба на сила и подесен алат влегол во барака на ул. „Никола Карев“ во Кочани, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Водовод“, при што одзел пет моторни косачки и една моторна пила. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска во 09,30 часот, во СВР Охрид, поради нарушен јавен ред и мир на плажа во комплексот „Инекс“,  приведен е В.М. (41) од Охрид.  Против него, ќе биде поднесена  соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.А.(25) од с.Трново, гостиварско, 16 годишник од с.Речане, гостиварско, А.А.(48) од с.Трново-гостиварско и Ф.Н. (24) од с.Балиндол- гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 14.06.2020 на ул.„Гоце Делчев’’, оштетениот Н.А. (39) од с.Лакавица, гостиварско, физички бил нападнат од пријавените Во еден момент првопријавениот со нож му нанел повреди. Пријавените биле лишени од слобода во Полициската станица Гостивар и од страна на ОЈО Гостивар одредена им била мерка притвор.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Д.(23) од с.Лабуништа-струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 31.03.2020 на социјалната мрежа Фејсбук пријавениот објавил навредлива и заканувачка содржина, со што во јавноста ширел расистички и ксенофобични изјави, промовирал и поттикнувал омраза и дискриминација против одредена група на граѓани.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(24) од с.Слупчане, Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист во Р.Северна Македонија внел патничко возило „мерцедес бенз“ со швајцарски национални ознаки со вкупна проценета вредност од 4.266 евра, а не било пријавено за увоз со избегнување на царинска контрола и плаќање на давачки со вкупна вредност од 116.355 денари, со што го оштетил буџетот на Р.Северна Македонија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(40) од с.Ново Село – Тетово,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 12.06.2020 околу 22,20 часот, при извршената контрола од полициски службеници во барака на ул.„Маршал Тито’’ во Тетово, констатирано било дека во наведениот период, бараката сопственост на пријавениот и покрај донесените протоколи од Владата за отворање и работа на угостителски објекти, истата била отворена и имало гости во затворениот дел од објектот, со што  пријавениот не постапил според здравствените прописи за време на епидемија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.З. (46) од Тетово,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “пренесување заразна болест“. Пријавениот во временскиот период од 09.04.2020 до 22.04.2020 бил сместен во државен карантин во Скопје и според потпишаната изјава пријавениот во временскиот период од 22.04.2020 до 05.05.2020 требало да биде во домашна самоизолација, а на 29.04.2020 од полициски службеници по извршената контрола во домот на пријавениот, не бил затекнат во домот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.Ј. (43) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело“непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 10.06.2020 во 13,00 часот, пријавениот го напуштил својот дом и се движел по ул.„Илинденска“ во Лозово, односно не постапил според решение на државен санитарен и здравствен инспекторат со кое му било одреден здравствен надзор и самоизолација во домашни услови во траење од 14 дена се до 18.06.2020, како и напуштање на домот со што не почитувал решение од 11.06.2020 со кое на пријавениот му се одредува лекување и изолација во домашни услови во траење од 14 дена со цел спречување на ширење на Ковид 19.

СВР Куманово, СВР Струмица, СВР Штип и СВР Битола поднесоа 33 кривични пријави против: Т.М.(20) од Куманово, Р.У.(34) од с.Конче – Радовиш, С.К.(33), Б.А.(26) двајцата од с.Долно Јаболчиште – Радовиш, К.М.(30), И.Б.(73), Ш.М.(31), И.Л.(56), Б.Г.(56), Ѓ.М.(27), Р.А.(44), З.М.(36), М.Д.(18),  Д.М.(30), Љ.Т.(31) сите 11 од Штип, И.Н.(42), Т.З.(56) двајцата  од Делчево, Г.К.(49) од Свети Николе, С.Д.(24), Ј.Д.(21), К.Д.(22), О.Ф.(22) сите од Кочани, А.С.(35) од с.Сачево – Струмица,  М.Ф.(78) од Скопје, М.С.(66) од с.Опила – Ранковце, Д.Б.(27), К.К.(39), З.Т.(37) тројцата од Битола, В.З.(28) од Македонски Брод, А.К.(32), Е.И.(26) двајцата од Скопје, Д.Н.(23), С.Д.(29) двајцата од с.Гајранци – Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. аа/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР