Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА)На 16.06.2020 во 04,30 часот полициски службеник од Полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека околу 02,10 часот на ул.“1“ при превземање на службени дејствија бил физички нападнат од У.Б.(24) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 15.06.2020 во 09.20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.06.2020 година во 05,00 часот, било пријавено дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола, во продавница за часовници и накит непознато лице со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина и извршил тешка кражба одземајќи 28 машки часовници, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вредност од 575.000 денари. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.06.2020 околу 21,30 часот, пријавено е дека на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје, во својот дом, полициски службеник од Полициската станица Ѓорче Петров, додека го проверувал службениот пиштол испукал еден куршум при што се повредил во пределот на левата надколеница. Потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојничка кражба“. Имено на 17.05.2020, тој влегол во куќата на оштетената и одзел златен накит, а потоа на заминување во куќниот двор држејќи нож во раката упатил закани по животот на оштетената.

СВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Т.(25) и Б.Р.(28) двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 13.06.2020 при вршење на редовна контрола од полициски службеници било забележано патничко возило „пежо“, кое се движело по бул.„Гоце Делчев“ и од нивна страна му било даден знак “стоп“, но истото не застанало. Потоа полициски службеници кои биле поставени на крстосницата со ул.„Самоилова“ и ул.“Марксова“ дале занак за запирање, но возилото со голема брзина се упатило кон нив при што се здобиле со повреди. Истото возило на неколку наврати било запирано од патролните служби на регионалниот пат од Прилеп-Македонски Брод, по што биле сопрени на земјен пат од градските гробишта Прилеп кон Варош. Пријавените биле приведени во Полициската станица Прилеп и за А.Т. судија на претходна постапка при Основен суд – Прилеп, одредил мерка притвор.

На 15.06.2020 во 12.35 во СВР Велес било пријавено дека во болницата во Велес било донесено починато седумгодишно дете, кое претходно имало здравствени проблеми. По наредба на Јавен обвинител телото било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.(35), С.С.(37), Е.И.(49) и Б.С. (33) сите од с.Никуштак – Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 15.04.2020 во с.Никуштак додека пријавените извршувале земјоделски работи, со патничко возило наишол Е.А. од с.Никуштак заедно со неговиот малолетен син, кој излегол од возилото по што пријавените почнале вербална расправија со него, а потоа и физички го нападнале нанесувајќи му телесна повреда. Е.А. бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ќ.(40) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 05.07.2019 на ул. „Штипска“ во Тетово, во домот на пријавениот, од страна на полициски службеници бил извршен претрес и пронајдена и одземена е марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“. Пријавениот во периодот од 30.08.2016 до 23.09.2016 преку огласна страна ,,најди работа“ го довел во заблуда оштетениот Г.М. од Кочани претставувајќи му се како лице кое посредувало за вработување во Р.Германија. Оштетениот, во неколку наврати уплатил парични средства од 106.790 денари на сметката на пријавениот за да му средел работа во Германија.

СВР Струмица, СВР Охрид, СВР Битола и СВР Штип подесоа 13 кривични пријави против: Р.Р.(58), М.Т.(28), У.И.(18), М.К.(21) сите од Струмица, С.П.(24), Р.П.(28), К.В.(20), Е.М.(40), С.П.(34) сите од Дебар, а биле лишени од слобода, А.Т.(22) од Кичево, С.Б.(53) од с.Дебриште – Долнени, Т.З.(56), Н.И.(42) двајцата од Делчево за сторени кривични дела “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност