Утрински Весник
Економија

МБА: Банките се подготвуваат да постапат по Уредбата за кредитите, олеснување секаде каде што ќе биде потребно

Презентација на „Четвртата проценка на деловното опкружување во Северна Македонија 2019“

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Банките и штедилниците во согласност со донесената Уредба, ќе подготват и понудат можности на клиентите за променети договорни услови со цел ублажување на негативните економски ефекти на пандемијата со Ковид-19, која директно се одрази на дел од компаниите и физичките лица и нивната способност за редовно сервисирање на долговите.

Од Македонската банкарска асоцијација наведуваат дека нејзините членки активно се подготвуваат да постапат согласно Уредбата при што истакнуваат дека Уредбата претставува олеснување за клиентите корисници на кредитен производ за изменување на условите секаде каде што ќе се утврди дека тоа е потребно. 

Со Уредбата е пропишано банките и штедилниците да ги применат достапните мерки алтернативно или кумулативно, односно на своите интернет страници, или преку писмена или електронска комуникација, да ги известат клиентите за понуда која ќе вклучува промена на условите за сервисирањето на кредитната изложеност и/или да одлучуваат по секое поединечно барање доставено од должниците за промена на условите за сервисирањето на кредитната изложеност поднесено (писмено или електронски) и преку електронска комуникација да достават понуди до поединечните должници или ги известат за одбивање на барањето.

Македонската банкарска асоцијација, како што информираат, во периодот што следи ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за надминување на сите проблеми предизвикани од оваа криза со најмали последици за сите чинители на нашето општество. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст