Утрински Весник
Спорт

Мбапе ќе остане во ПСЖ, но нема да го продолжи договорот

Мбапе ќе остане во ПСЖ, но нема да го продолжи договорот

Килијан Мбапе донел одлука околу својата иднина. Младиот напаѓач, според медиумите во Франција, ќе остане во ПСЖ и наредната сезона, а дури потоа како слободен играч ќе го напушти клубот.

Килијан Мбапе, има договор со ПСЖ, до јуни 2022 година. Не е тајна дека Реал се заинтересирани за неговите услуги, исто како и Ливерпул и Манчестер јунајтед, но исто така не е тајна дека „кралскиот клуб“ е во финансиска криза.

Гледано од оваа перспектива, Реал немаат 150 милиони евра, колку што се претпоставува дека ПСЖ ќе бараат за својот напаѓач.

Мбапе има 22 години и пред него допрва доаѓаат најдобрите денови во кариерата. Поради тоа тој во консултација со родителите решил, да остане во Париз уште една година, а дури потоа да замине од „Паркот на Принцовите“, каде пристигна во 2018 година, во трансфер вреден 180 милиони евра.

> Мбапе ќе остане во ПСЖ, но нема да го продолжи договорот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите и спортски директор на КК Гостивар

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс