Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мбапе утре оди во Мадрид?

Мбапе утре оди во Мадрид?
300x250 opst2

Килијан Мбапе уште утре би можело да стане нов член на Реал Мадрид, јавува шпанска „Марка“.

Веста ја проширија и останатите шпански медиуми кои носат нови информации. Дел од нив тврдат дека францускиот ас викендот ќе дојде во главниот град на Шпанија да направи лекарски прегледи и доколку се е во ред, да потпише со „Кралевите“.

ПСЖ ја одреди неговата цена – 200 милиони евра, но на сите им е јасно дека не можат толкава сума да добијат затоа што има само уште една сезона од договорот, а одбива да потпише нов.

Флорентино Перез на „Светците“ им испрати понуда од 160 милиони евра, но таа без размислување беше одбиена.

Следната, секако треба да е повисока. Двата клуба ќе мораат да најдат некоја средна вредност.
Што се однесува до фудбалерот, тој наводно веќе ги договорил личните услови со челниците во Кралскиот клуб.

> Мбапе утре оди во Мадрид? <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути