Утрински Весник
Спорт

Мбапе сака да го освои Европското првенство и Лигата на шампиони

„Екип“ ја откри цената на Мбапе

Париз, 28 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе кажа кои трофеи ги посакува.

– Следната сезона ќе го имаме Европското првенство, се стремиме да победиме таму. Мојата цел е да го освојам Европското првенство со француската репрезентација и да станам дел од тимот на Пари Сен-Жермен кој би можел да ја освои Лигата на шампионите. Тоа би било нешто посебно, изјави Мбапе.

Французинот веќе го ими освоено трофејот на Светското првенство. Тој во 2018 година во Русија со „триколорите“ стигна до трофејот на Мундијалот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија поразена од Летонија – 24info.mk

„Златното девојче“ од Македонија ја освојува Европа: Меланија Грозданова во фокусот на Јувентус и европските скаути

Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини