Утрински Весник
Спорт

Мбапе негира дека тој ја скроил трансфер листата

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе реагираше на информацијата која се појави во четвртокот, дека составил список од 14 луѓе кои ова лето мора да го напуштат ПСЖ.

„Лажат“, напиша Мбапе на своите социјални мрежи.

Францускиот репрезентативец неодамна го продолжи договорот со „светците“, и покрај тоа што речиси беше завршен неговиот трансфер во Реал Мадрид.

„Мундо Депротиво“, вчера ја објави „црната листа“ на Мбапе на која покрај тренерот Маурицио Покетино, Нејмар се и фудбалерите: Мауро Икарди, Јулијан Дракслер, Тило Керер, Леандро Паредес, Андер Ерера, Левин Курзава, Данило Переира, Пабло Сарабија, Хуан Гај Бернат, Колин Дагба и Серхио Рико.

Според неофицијални информации, Французинот ќе заработува 93 милиони евра годишно благодарение на „лојалноста“ кон клубот од Париз, што ќе го направи најплатен играч во светот.

Мбапе минатата сезона постигна 39 гола на 46 натпревари во сите натпреварувања, а имаше и 26 асистенции.

> Мбапе негира дека тој ја скроил трансфер листата <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата