Утрински Весник
Спорт

Мбапе: Имам големо его, си велам дека сум подобар од Меси и Роналдо

Мбапе: Имам големо его, си велам дека сум подобар од Меси и Роналдо

Килијан Мбапе признава дека понекогаш е многу арогантен и дека си вели самиот себеси дека е подобар од Лионел Меси и Кристијано Роналдо пред важните мечеви.

22-годишниот Французин е промовиран во новата фудбалска ѕвезда уште на Светското првенство во Русија во 2018 година, и многумина сметаат дека е „природниот“ наследник на Меси и Роналдо, кога тие двајца ќе заминат во пензија. Тој самиот признава дека е клучно да имаш големо его ако сакаш да бидеш на врвот.

„Егото? Секако, многу е важно, бидејќи кога оди лошо, никој нема да те поттурне напред. Мораш да се убедиш самиот себеси дека можеш да придвижиш планини. Луѓето сметаат дека егото е лошо, но никој нема да дојде дома и да ти каже дека можеш да успееш. Мораш да се убедиш дека си подготвен за големи работи. Секогаш кога ќе излезам на теренот си велам дека сум најдобриот на светот, иако сум играл во мечеви во кои биле Меси и Роналдо. Тие се подобри играчи од мене, направиле милијарда повеќе работи од мене, но јас си велам дека сум најдобриот“, вели Мбапе во интервју за „РМЦ Спорт“.

Мбапе во првите шест години од својата професионална кариера има направено многу работи – има освоено четири титули од Лига 1 и уште шест други француски трофеи, постигнувајќи 150 голови, а исто така е и освојувач на светската титула од пред три години, нешто со што Роналдо и Меси не можат да се пофалат. Од друга страна Меси и Роналдо заедно имаат 11 „Златни топки“ во последните 12 години.

> Мбапе: Имам големо его, си велам дека сум подобар од Меси и Роналдо <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ