Утрински Весник
Спорт

Мбапе доби понуда за двојно поголема плата да остане во ПСЖ

Реал планира да го донесе Мбапе во Мадрид следната година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Париз, 4 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе може да остане во клубот, и покрај интересот на Реал. Дваесет и едногодишниот Французин размислува да потпише нов договор со парижаните.

Според „Л’Екипе“ ПСЖ му понудил на Мбапе истата плата како неговиот соиграч Нејмар – 683 илјади евра неделно. Оваа сума е скоро двојно поголема од сегашната плата на Мбапе.

Сегашниот договор на фудбалерот со ПСЖ истекува во јуни 2022 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата