Утрински Весник
Спорт

Мбапе го качи ПСЖ на врвот во Лига 1

Мбапе го качи ПСЖ на врвот во Лига 1
Dik 300x250 mk

Актуелниот француски шампион, ПСЖ повторно е лидер на табелата во француското фудбалско првенство.

„Светците“ со 3-1 попладнево славеа на гостувањето кај тимот на Мец и со собрани 72 бода во моментов се на првата позиција на табелата, на 4 кола до крајот на шампионатот.

Мбапе со два од трите гола беше ударната игла во тимот на Покетино.

Младиот француски голгетер го отвори резултатот во 4. минута, по асистенцијата на Ерера.

На самиот старт на второто полувреме Центонзе израмни на 1-1, но Мбапе со својот втор гол во 59 минута повторно ја донесе предноста на страна на својот тим.

Точка на мечот за 1-3 стави Икарди од пенал во 89 минута.

Лил уште утре ќе може да се врати на врвот на табелата (сега имаат 70 бода), но за тоа е потребно да слави на гостувањето кај Лион.

> Мбапе го качи ПСЖ на врвот во Лига 1 <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја