Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев уште во осмата минута го отвори резултатот на вечерашниот меч од Серија А меѓу Џенова и Удинезе.
По една нафрлена топка од левата страна, Пандев феноменално ја исконтролира топката, се заврте и прецизно биеше покрај првата статива.
Иако судијата бараше ВАР асистенција дали имало евентуален прекршок, сепак голот беше признат.
Резултатот по 45 минути е 1-1 затоа што Удинезе во 30 минута доби пенал. Го реализираше Де Пол.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не е во првата постава на гостите од Удине.
Еве го погодокот на Пандев, негов 98-ми во Серија А:
> Мајсторски гол на Горан Пандев – негов 98-ми во Серија А <