Утрински Весник
Спорт

Мајсторијата на Ибраими ја „крена“ Шкендија, но дали ќе пристигне Тотенхем?

Мајсторијата на Ибраими ја „крена“ Шкендија, но дали ќе пристигне Тотенхем?

Шкендија успеа да го мине второто квалификациско коло во Лига Европа, откако маестралниот гол на Бесарт Ибраими беше доволен да се стигне до 1:0 победа на гости кај романскиот Ботошани за да се отвори шансата во следното коло да го пречека големиот Тотенхем на Жозе Мурињо.

Поранешниот македонски репрезентативец и на 33 години покажа дека не го загубил осетот за гол, откако од тешка позиција успеа да го совлада домашниот голман уште во втората минута од мечот. Сепак, во 76. минута Шкендија остана со играч помалку по црвениот картон на Арменд Алими за тензија во последните минути.

Шкендија сега го пречекува подобриот од дуелот меѓу бугарскиот Локомотив Пловдив и Тотенхем, каде што по 75 минути резултатот е 1:1.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Каизар (Каз) – АПОЕЛ (Кип) 1:4

Вентспилс (Лет) – Розенборг (Нор) 1:5

Ренова (Мкд) – Хајдук Сплит (Хрв) 0:1

АраратАрменија (Ерм) – Фола Еш (Лук) 3:3, 4:3 по продолженија

Астана (Каз) – Будуќност (ЦГо) 0:1

Теута (Алб) – Гранада (Шпа) 0:4

Линколн (Гиб) – Глазгов Ренџерс (Шко) 0:5

Ботошани (Ром) – Шкендија (Мкд) 0:1



> Мајсторијата на Ибраими ја „крена“ Шкендија, но дали ќе пристигне Тотенхем? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига