Мајнц, 25 мај 2020 (МИА) – Бундеслигашот Мајнц со хумор реагираше на поразот од Лајпциг (0:5) на вчерашниот дуел со Бундеслигата. Од петте примени гола, три се дело на Тимо Вернер. По ова Мајнц се сврте кон тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
– Клоп, дали конечно можеш да го собереш? – се вели во пораката на профилот на Твитер на Мајнц, кој одговори на објавата дека клубот треба да го мрази Вернер поради двата хет-трика во својата мрежа оваа сезоната.
Претходно постојано се пишуваше дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за Вернер.
Клоп ја помина скоро целата своја кариера како фудбалер во Мајнц. Од 2001 до 2008 година, тој беше тренер на овој тим. зс/