Утрински Весник
Магазин

Мајк Ричардс го напушта квизот „Џепарди“по реакциите за навредливи коментари дадени во минатото

Мајк Ричардс го напушта квизот „Џепарди“по реакциите за навредливи коментари дадени во минатото

Мајк Ричардс во петокот соопшти дека повеќе нема да биде водител на култниот ТВ-квиз „Џепарди!“ среде реакции за навредливи коментари што ги дал во минатото.

Претходно овој месец Ричардс, извршен продуцент на најпопуларниот американски квиз, беше назначен да го замени легендарниот водител Алекс Требек, кој почина во 2020 година по повеќе од три децении во квизот.

“Болно е што овие минати инциденти и коментари фрлија сенка врз ‘Џепарди’ во период кога започнуваме ново поглавје”, вели Ричардс во интерна белешка до вработените, до која дојде агенцијата „Ројтерс“.

Ричардс наведува дека ќе поднесе оставка, која ќе стапи во сила веднаш. Телевизијата „Сони пикчрс“, продуцент на квизот, ќе ја продолжи потрагата по постојан водител, а во меѓувреме ќе ги врати гостинските водители да продолжат со продукцијата на новата сезона, се вели во соопштението на Ричардс.

Претходно минатата недела, омаловажувачки и сексистички коментари на Ричардс кога бил водител на подкастот The Randumb Show (2013-2014), се појавија во напис на интернет публикацијата The Ringer.

„Сакам да му се извинам на секој од вас за несаканото негативно внимание што предизвика конфузија и каснења”, напиша Ричардс во писмото. Свесен сум дека ми претстои многу работа за да ја вратам вашата доверба.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста