Кралот на попот Мајкл Џексон ја објави „Били Џин“ – една од неговите најголеми песни на сите времиња – во 1983 година но снимањето на песната било многу понапорно отколку што фановите можеа да претпостават.
Неодамна беше откриено дека дури после 93 снимања на вокали, успеале да да дојдат до финалната верзија на песната, пренесува британски „Дејли експрес“.
Уште поинтересно е што, години подоцна, Џексон откри кои се неговите омилени песни – и тоа не беше Били Џин.
Џексон беше глобална суперarвезда. Иако беше крунисан за крал на попот, тој исто така имаше огромен комерцијален успех, собори многу музички рекорди и продаде неверојатна цифра на плочи. Еден од неговите најпродавани албуми на сите времиња беше „Трилер“ – 1982 година во кој е вклучен синглот Били Џин. Овој хит не само што се задржа на место број еден на „Билборд Хот 100 цели три недели, туку стана и платинест шест пати во САД.