Мајкл Б. Џордан, кој минатата недела беше прогласен за најсекси маж во светот за 2020 година според магазинот „Пипл“, откри дека ќе отвори профил на платформата OnlyFans, страница со содржини за возрасни, но наведе дека ваквиот потег е за добротворни цели.
33-годишниот актер изјави дека планира да се приклучи на 18+ страницата врз база на претплата, каде што фановите можат да плаќаат за да видат делови од неговото телото, но инсистираше на тоа дека сите приходи од неговиот профил ќе бидат наменети за финансирање на училишта.
Во текот на гостувањето во живо во емисијата на Џими Кимел, тој рече: „Јас ќе започнам нешто ново, но сите приходи ќе одат за училиште за бербери, бидејќи во време на самоизолација многу бизниси и училишта се затворени “.
Мајкл се пошегува дека профилот на платформата ќе биде посветен на неговите нови мустаќи, кои ги израсна за време на самоизолација и кои ги нарекол Марфи.
На прашањето дали профилот на 18+ платформата ќе биде отворен во блиска иднина, тој рече: „Да, секако“.