Утрински Весник
Македонија

Мајка ја држела 16-годишната ќерка заклучена во стан во Скопје, полицијата ја приведе

Мајка ја држела 16-годишната ќерка заклучена во стан во Скопје, полицијата ја приведе

Четириесет и четиригодишна скопјанка е приведена поради запуштање и малтретирање својата 16-годишна ќерка.

Девојката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот, велат од полицијата.

„На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател“, соопшти МВР.

Мајката била приведена, а потоа пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, три се под контрола и девет се изгаснати

Трендафилов: Не туркајте не на улица, минималната плата е прашање на живот

Онлајн пазарувањето ги празни трговските центри, трендот расте и во Македонија