Утрински Весник
Свет

Мајка во Русија ги оставила своите три деца во шума на -15 степени

Мајка во Русија ги оставила своите три деца во шума на -15 степени

Жена во Русија наводно ги оставила своите три деца без облека во шума на многу ниски температури, поради што тие добиле сериозни смрзнатини.

33-годишна жена имала намера во петокот вечерта да ги убие своите три деца во близина на главниот град Москва, соопштија истражителите.

Локален жител ги затекнал малолетниците целосно смрзнати на минус 15 степени и ја известил полицијата.

Децата биле пренесени во болница, а според новинската агенција РИА Новости, едно од нив е во критична состојба на апарати за дишење.

Мајката е пренесена на клиника, каде ќе биде проверено нејзиното ментално здравје, а против неа е поведена кривична постапка за обид за убиство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на Гугл предупредува: „Ниедна компанија нема да биде имуна“ ако пукне балонот со вештачката интелигенција

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање работници од трети земји