Утрински Весник
Свет

Мајка во Италија напуштила бебе кое имало коронавирус

Мајка во Италија напуштила бебе кое имало коронавирус

Мајка која ја однела својата ќерка во болница откако бебето се заразило со Ковид-19 го напуштила детето, соопштија италијанските лекари.

Кога минатата недела жената и бебето пристигнале во болница во Палермо, биле тестирани за коронавирус и биле позитивни. Но, додека бебето се лекувало во градската болница „Ди Кристина“, мајката побегнала и го напуштила детето.

Полицијата започнала потрага по неа, бидејќи таа не реагирала на повиците од медицинскиот персонал.

„Медицинскиот персонал се обидуваше да ја контактира мајката со денови, но не можевме да ја добиеме. Потоа повикавме полиција и рековме дека можеби имаме случај на напуштено дете”, изјави докторката Марилу Фурнари, а пренесува „Сан”.

Според весникот „Ла Република“, жената прво се преправала дека е тетка на четиримесечно бебе, пред да исчезне на 12 октомври. Весникот пишува дека два дена подоцна, во болницата се појавило уште едно женско лице, со истото тврдење дека е тетка на детето. Сепак, вработените започнале да се сомневаат и контактирале со полицијата, по што другата жена побегнала.

За среќа, детето оттогаш се опоравило од Ковид-19, болест од која досега починаа 36.000 луѓе во Италија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда

Трамп ја повика Јапонија да избегне понатамошна ескалација со Кина

„Еуроклир“ предупредува на опасности доколку запленетите руски средства се позајмат на Украина