Утрински Весник
Магазин

Мајката на Илон Маск ја открива тајната за воспитување успешни деца

Мајката на Илон Маск ја открива тајната за воспитување успешни деца

Мајката на Илон Маск, Меј Маск, откри како одгледала три успешни деца. „Треба да ги научите да работат напорно“, пишува таа во својата книга „Жена со план“(A Woman Makes a Plan).

Нејзиното најстаро дете, Илон,  е извршен директор и основач на компанијата за електрични автомобили „Тесла“ и е мегамилијардер. Нејзиното средно дете, Кимбeл, е сопственик на синџир ресторани, а најмладата, Тоска, е филмски продуцент и режисер.

„Луѓето често ме прашуваат како одгледав толку успешни деца. Им велам дека им дозволив да ги следат своите интереси.“

Маск стана самохрана мајка на три деца кога имаше 31 година, работејќи полно работно време затоа што немала избор.

„Работев напорно за да задржам покрив над главата, храна во стомакот и основна облека на грбот“, вели таа и додава дека често купувала облека на старо.

Таа смета дека луѓето треба да работат на рана возраст, откривајќи дека имала осум години кога таа и нејзината сестра почнале да му помагаат на нивниот татко да креира месечни билтени за неговата клиника за хиропрактика.

„Моите родители не третираа како возрасни на кои може да им се верува, а нивното влијание е видливо во тоа како ги воспитав моите деца.“

Кога станала родител, Маск им дозволила на децата да ѝ помогаат во нејзиниот бизнис со исхрана.

„Тоска влегуваше во мојата канцеларија и пишуваше писма до лекарите во програмот за обработка на текст. Илон ми ги објаснуваше функциите на текст-процесорот. И Кимбeл секогаш беше од помош.“

Ги воспитала своите деца како што ја воспитувале нејзините родители: да бидат независни, љубезни, чесни, внимателни и пристојни.

Нејзин совет до родителите?

„Оставете ги вашите деца сами да се справат со документите за запишување на универзитет или за оглас за работа. Тие треба да бидат одговорни за својата иднина. Или ако претпочитаат да започнат бизнис и мислите дека тоа е добра идеја, поддржете ги. Научете ги вашите деца на добри манири. Оставете ги сами да одлучат што сакаат“, вели таа.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста