Утрински Весник
Економија

Машиновозачите бараат изземање од ограничувањето на исплата на надоместоците на плата

ЖРСМ Транспорт: Незаконски прекинот на железничкиот сообраќај

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Синдикатот на машиновозачите бара машиновозачите да бидат изземени од владината одлука со која се ограничува исплатата на надоместоци и додатоци на плата во вонредна ситуација.

– Машинскиот персонал ги извршува работните обврски кога е активна мерката за забрана за движење и вонредната состојба за време на полициски час, затоа што во време на вонредна состојба машинскиот персонал е од општествен интерес за државата без прекин 24/7 го спроведуваат и опслужуваат транспортот низ Републиката, овозможувајќи домашните индустриски капацитети да го задржат ритамот на работа за одржување на економскиот раст  во државата, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот.

Со оваа одлука, велат од Синдикатот, директно се влијае врз нормалното извршување на транспортот на стоки и услуги на економските капацитети во државата. бак/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз

ТИТАН УСЈЕ одбележа 70 години од своето основање – седум децении раст, иновации и одржлив развој

Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити