Утрински Весник
Спорт

Машината на Гасперини го реши Беневенто, 4 гола = 4 различни стрелци

Машината на Гасперини го реши Беневенто, 4 гола = 4 различни стрелци

Машината на Гасперини го згази Беневенто предводен од Пипо Инзаги за голем скок на табелата во Серија А. Аталанта со 4-1 славеше нагости, а во листата на стрелци кај „сино-црните“ се запишаа 4 фудбалери.

Во првото полувреме имаше само еден погодок, Иличиќ во 30 минута донесе гостинско водство од 0-1.

Во вториот дел во 50 минута Марко Сау носи израмнување, по што следуваше реакција од Аталанта и со 2 гола за 2 минута победникот стана познат. Аталанта на 2-1 зголеми преку Толои во 69 минута, а во 71 веќе на семафорот стоеше 1-3.

Стрелец Запата.

Конечните 1-4 беа дело на Муриел во 86 минута.

Со овој триумф тимот од Бергамо се искачи на четвртата позиција на табелата со 31 поен, 6 помалку од лидерот Милан.

> Машината на Гасперини го реши Беневенто, 4 гола = 4 различни стрелци <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко