Утрински Весник
Спорт

Матиќ и Бертранд пред портите на Лестер

Матиќ и Бертранд пред портите на Лестер

Лестер се активни во летниот преоден рок. откако го донесоа Патсон Дака од Салцбург за 23 милиони фунти, челниците на „лисиците“, најавуваат уште две засилувања.

Англиските медиуми тврдат дека Рајан Бертранд сигурно ќе пристигне на „Кинг Пауер“ како слободен играч. Левиот бек изминатите седум сезони играше во Саутемптон.

Исто така се најавива дека Немања Матиќ ќе го засили средниот ред на „лисиците“. Матиќ четири години е играч на Манчестер јунајтед. Изминатата сезона тој не добиваше многу можност да игра од менаџерот Солскјер.

ЈУнајтед би го ослободиле Матиќ од обврските кон нив за сума од 13 до 15 милиони евра.

> Матиќ и Бертранд пред портите на Лестер <

Можете да прочитате

Мурињо го коментираше поразот од Порто

Роналдо бил најплатениот спортист во 2025 година

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд