Утрински Весник
Спорт

Матеус: Меси може да се пресели во Германија, ќе го прифатиме со широки раце и ќе му дадеме пасош

Барселона му нуди нов договор на Меси
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Минхен, 28 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација, Лотар Матеус ја пофали играта на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Според сопственикот на Златната топка од 1990 година, Аргентинците со задоволство би ги виделе во Германија.

– Не можам да поверувам. Ако не го сакаат Меси, тогаш тој може да се пресели во Германија. Ќе го прифатиме со отворени раце и ќе му дадеме пасош. Се разбира, ќе го земеме со задоволство. Би биле среќни, ако Лео заврши во Бундеслигата. Искрено, среќен сум што Меси е во фудбалот. Тој е добар играч и добар човек, истакна Матеус.

Аргентина има среќа да ги има Меси и Марадона, двајца од најдобрите фудбалери во историјата, додаде Матеус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички