Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Матарела се залага за што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија

Матарела се залага за што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Рим оствари средба со италијанскиот колега, Серџо Матарела.

На средбата, двајцата претседатели разговарале за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што нагласиле дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба.

„Соговорниците разговараа за најновите случувања поврзани со почетокот на пристапните преговори на нашата држава за членство во Европската Унија, при што претседателот Пендаровски изрази задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија во однос на нашите евроинтеграции“, информираат од претседателскиот кабинет.

Пендаровски и Матарела констатирале дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет и порачале дека е неопходно што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски утре ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Потоа, Пендаровски во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил, а во попладневните часови, заедно со бугарскиот претседател, Румен Радев, ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Можете да прочитате

Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство  

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор