Утрински Весник
Свет

Матарела прифати втор мандат по неуспешните обиди да се избере шеф на државата

Матарела прифати втор мандат по неуспешните обиди да се избере шеф на државата

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска се согласи да прифати втор мандат на чело на италијанската држава.

Италијанските владејачки партии се согласија да побараат од италијанскиот претседател Серџо Матарела (80) да остане на функцијата уште еден мандат, откако парламентот не најде алтернативен кандидат, изјави претходно денеска лидерот на левичарската партија „Слободни и еднакви“ (ЛЕУ) Роберто Сперанца.

„ Тоа е голема радост“ – изјави Сперанца на новинарите по средбата на лидерите на владејачката коалиција.

Италијанскиот премиер Марио Драги, исто така, побара од Матарела да остане на функцијата уште еден мандат, откако политичките лидери не успеаја да најдат алтернативен, компромисен кандидат.

Како што изјавил неименуван извор, Драги му рекол на Матарели дека треба да остане на функцијата за доброто и стабилноста на земјата.

Можете да прочитате

Макрон, Мерц и Зеленски се сомневаат дека Америка ќе ги предаде

Разбиена европска мрежа за крипто измами што испрала повеќе од 700 милиони евра

Путин тврди дека Русија е подготвена да го заземе цњл Донбас со сила