Утрински Весник
Свет

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на лице место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас пред неговата посета на Приштина и Белград.

Борбата против пандемијата со Ковид-19 и продолжување на дијалогот- ова ќе бидат централните теми во разговорите на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во Приштина и Белград денеска и утре.

„Пандемијата со коронавирусот уште еднаш ни покажа колку се тесно поврзани судбините на Германија, Европската уУија и Западен Балкан. Никој во Европа не останува недопрен од успехот и неуспехот на нивните соседи. Фактот дека сега можеме да го делиме растечкиот напредок во вакцинацијата во ЕУ со земјите од Западен Балкан, е клучен момент во заедничката борба против вирусот “, велат од кабинетот на германскиот министер, додавајќи дека ќе разговараат и за тоа како до справување со економските и социјалните последици од пандемијата.

Кога станува збор за дијалогот, Мас нагласува: „Сè уште нерешените односи меѓу Србија и Косово го забавуваат развојот на двете земји и на целиот регион, а со тоа и натамошното приближување кон Европската Унија“. Затоа сакам да видам на лице место како можеме да го поддржиме дијалогот меѓу двете земји, кој е модериран од Европската Унија. Доаѓањето на новата влада во Приштина е добро време за тоа. Во исто време, со отворање на нова амбасада во Белград, ние јасно инвестираме во нашите односи со Србија“, истакнал Мас.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп