Утрински Весник
Македонија

МАСИТ, по проблемите со порталот на ДИК, апелира да се избираат компании со сертификат и искуство

МАСИТ, по проблемите со порталот на ДИК, апелира да се избираат компании со сертификат и искуство

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ реагира во однос на ситуацијата и техничките проблеми на порталот на Државната изборна комисија за време и по изборниот процес на предвремените парламентарни избори.

„МАСИТ како влијателно тело за сите процеси на дигитализација и транспарентност, а особено како комора што ги застапува ИТ-компаниите, укажува дека дигиталните проекти, производи и услуги, кои се од општествено, економско и државно значење, независно дали законот тоа го предвидува или не, треба да се договараат и реализираат на максимално транспарентен, објективен и етичен начин и притоа никако не смее да биде изземена комората МАСИТ, која е носител, иницијатор и реализатор на дигиталните процеси во земјата.

Истовремено, сугерираме при селекцијата на компанија поврзана со активности во јавниот сектор секогаш да се побараат релевантни референции, соодветни сертификати, експертиза и искуство во дадената област. Во време на политички и општествени промени научивме дека транспарентноста и интегритетот се клучни за создавање здрави процеси и квалитетни проекти и тргнувајќи токму од таа кауза, упатуваме силна сугестија за исползување на ресурсите, експертизата и стручните мислења на комората МАСИТ во дигитални проекти од општествено-национално значење“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Хеликоптер на МВР се вклули во гаснењето на пожарот кај Блаце

Министерството за здравство бара од медиумите да не пишуваат и да не земаат изјави од повредените од Кочани кои се рехабилитираат