Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Масакрот во „Федекс“ го извршило 19-годишно момче

Масакрот во „Федекс“ го извршило 19-годишно момче
300x250 opst2

Вооружениот напаѓач кој вчера уби осум лица во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, е 19-годишниот Брендон Хол и поранешен вработен во компанијата со психички проблеми. По нападот, момчето се самоуби.

Меѓу осумте убиени има четворица членови на верската заедница Сикa.

Полициските службеници изјавија дека засега не можат да утврдат дали мотивите за крвавиот напад се расна или етничка омраза. Уште неколку лица беа повредени и пренесени во локалните болници со сериозни повреди.

„Нападот траеше само неколку минути и заврши веднаш штом полицијата пристигна на местото на настанот“, рече началникот на полицијата, Крег Мекарт.

Очевидци изјавија дека нападот бил хаотичен, а напаѓачот отворил оган од пушка на паркингот пред да влезе во зградата, каде исто така продолжил да пука, оставајќи ги зад себе жртвите надвор и внатре во зградата.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија