Утрински Весник
Спорт

Марјановиќ го напушти Далас

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Далас Маверикс и Хјустон Рокетс измината ноќ си разменија играчи. Далс го напушти миленикотна навивачте, српскиот центар Бобан Марјановиќ.

Во замена за Марјановиќ, Далас го добија Кристијан Вуд, кој игра на позициите „четири“ и „пет“. Покрај Марјановиќ Маверикс кај ривалот од Тексас испратија уште тројца кошаркари.

Марјановиќ дојде во Далас во 2019 година и за тоа време не играше многу, но стана еден од омилените соиграчи и миленик на навивачите.

За 33-годишниот центар Хјустон ќе биде шестиот НБА тим во кариерата, откако претходно настапуваше за Филаделфија, ЛА Клиперс, Детроит и Сан Антонио.

Покрај Марјановиќ, Далас мораше да се раздели и со Треј Бурк, Маркиз Крис и Стерлинг Браун за Вуд, а Хјустон го добија и 26.пик од првата рунда на овогодинешниот драфт.

Поранешниот играч на Црвена звезда минатата сезона имаше просек од 4,3 поени и 1,7 скока за 5,6 минути во просек.

> Марјановиќ го напушти Далас <

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk