Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мартинез може да го напушти Баерн следната година

Мартинез може да го напушти Баерн следната година
Img 7972

Минхен, 7 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Баерн, Хави Мартинез може да го напушти тимот од Минхен на крајот на сезоната 2020/21. Ова го пренесуваат германските медиуми.

Според „Кикер“, страните не преговараат за продолжување на договорот, кој истекува во летото 2021 година и не планираат да го сторат тоа.

Баерн претпочиташе да го продаде Шпанецот ова лето, наместо да му дозволи да замине бесплатно за една година кога истекува договорот.

Триесет и едногодишниот Мартинез оваа сезона има одиграно 18 натпревари за Баерн на сите турнири. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН