Утрински Весник
Економија

Мартанс: Многу можности во С. Македонија за германските компании од енергетската ефикасност

Мартанс: Многу можности во С. Македонија за германските компании од енергетската ефикасност

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА)  – Северна Македонија нуди многу добри можности за германските компании во областа на енергетската ефикасност поради нејзиниот експанзивен индустриски развој,  порачува во утринска телеграма до стопанствениците и медиумите Патрик Мартанс, директор на Делегацијата на германското стопанство во државава.

Во рамки на иницијативата за обновливи извори со поддршка на Сојузното министерство за економија Делегацијата на германското стопанство оваа година заедно со консултантот Energiewechter подготвува делегациско патување за енергетска ефикасност во индустријата на крајот на јули годинава во Скопје.

Според последните статистички податоци за трговската размена на Германија и 29-те земји од Источна Европа, што ги споделува Мартанс, нашата држава се наоѓа на 14. позиција. Трговската размена во 2019 година помеѓу Германија и Северна Македонија изнесуваше 4,4 милјарди евра што претставува 10,8 проценти, зголемување на извозот кон Германија во спорeдба со 2018 и 4,2 проценти зголемување на увозот од Германија кон Северна Македонија. Виенскиот институт за меѓународни студии и истражувања во стопанството за 2020 година прогнозира стопански раст во висина од 3,4 проценти за Северна Македонија.

– Зголемената трговска размена за нас значи и поголем интерес за нашите услуги. Нашиот фокус е насочен кон компаниите кои се позиционираат на пазарот во Северна Македонија, потенцира Мартанс.

Актуелната публикација на ОЕЦД, http://www.oecd.org/south-east-europe, покажува дека Западен Балкан направи прогрес од основно индустриско производство кон производство на средни технологии, што придонесува за  зголемување на инвестициите. Следниот чекор, мора да се движи во насока на високо-технолошко индустриско производство, порачуваат од Делегацијата на германското стопанство.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија