Утрински Весник
Спорт

Марота најави чистка во Интер

Марота најави чистка во Интер

Спортскиот директор на Интер Бепе Марота, по вчерашниот шокантен пораз на од Болоња на „Џузепе Меаца“ (1:2), ја скроил трансфер-листата. Десет фудбалери ќе го напуштат Интер во летниот преоден рок.

Од одбраната нови клубови ќе мора да бараат Диего Годин, иако има цврст договор, Андреа Ранокија и Квадво Асамоа. Годин не успеа да ги повтори партиите од Атлетико, не се снаоѓа во формацијата 3-5-2, Асамоа по повредата не успева да се врати во форма, а на неговото место веќе е ангажиран Ашраф Хакими, додека Ранокија ретко добива шанса од тренерот Антонио Конте.

На листата се и играчите од редот за врска ветеранот Борха Валеро, Матијас Весино и Роберто Гаљардини. Исто така клубот нема да ги откупи договорите на Виктор Мосес од Челси, односно Кристијан Бираги од Фиорентина. Во Манчестер Јунајтед ќе се врати Алексис Санчез.

Марота се надева дека Локомотив Москва ќе го задржат Жоао Марио, а Њукасл Валентино Лазаро. Нов клуб ќе мора да бараат Раџа Наинголан кој игра како позајмен играч во Калјари и Иван Перишиќ чии договор нема да го откупи Баерн Минхен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот