Утрински Весник
Магазин

Марк Волберг треба да се здебели 13 килограми за нова улога

Марк Волберг треба да се здебели 13 килограми за нова улога
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Марк Волберг планира да се здебели најмалку 13 килограми во текот на следните шест недели.

49-годишниот актер откри дека се подготвува да натрупа килограми за новиот филм „Отец Сту“, во кој тој игра боксер кој станува свештеник.

Волберг, кој претходно го играше легендарниот боксер Мики Вард Ирецот во филмот The Fighter, објасни: „Откако ќе ги снимиме сцените со боксот, ќе треба поприлично да се здебелам во текот на филмот, барем 13 килограми.

„Тие сакаат да го сторам тоа што е можно поздраво, а јас веќе долго сум на таков режим, сакам да јадам сè што е на повидок.“

Марк, кој е познат по тоа што е фитнес фанатик, призна дека едвај чека да се препушти на јадење во наредните недели.

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци што најчесто ги нервираат другите

Хуманитарна новогодишна изложба на олдтајмер клубот ВМ Класик во Џевахир Мол

Млада Месечина во Стрелец на 19 декември: Што ги очекува хороскопските знаци?