Утрински Весник
Спорт

Марко Одермат ја потврди доминацијата и во велеслалом

Марко Одермат ја потврди доминацијата и во велеслалом

Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи на последната велеслаломска трка оваа сезона во Светскиот скијачки куп. Одермат на патеката Мерибел на одличен начин ја круниса одличната сезона. Тој победи со време од 2:10.40 минути, пред Лукас Братен и Лоик Мељард.

Одермат со оваа победа го потврди и малиот кристален глобус во велеслалом со вкупно освоени 720 бода.

Претходно, Марко Одермат стана и генерален победник на Светскиот куп во алпско скијање.



> Марко Одермат ја потврди доминацијата и во велеслалом <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал