Утрински Весник
Спорт

Марко Блажевски – најдобар Македонски возач на тркачката патека во Гробник

Марко Блажевски – најдобар Македонски возач на тркачката патека во Гробник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес ја одржаa првата трка од финалниот викенд на Македонското Renault Twingo CUP првенство во Гробник, Хрватска.

Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се најдоа во првите 10 и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во Македонскиот Twingo CUP.

Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона – Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски.

Пласманот на останатите Македонски возачи е по следниот редослед:

Зоран Мираковски е 19, Ангелче Стојковски – 21, Слободан Трајковски 22 и Емил Нацка 23, додека пак Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Twingo CUP трка, закажана за утре во 16:00 часот, а истата може да ја следите во живо на следниот линк: TWINGO CUP powered by Glaso 2021 – Round 9 – Automotodrom Grobnik – YouTube

( ПР-текст)

> Марко Блажевски – најдобар Македонски возач на тркачката патека во Гробник <

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk