Утрински Весник
Спорт

Марко Белинели: Однесувањето на Гобер беше грозно

Марко Белинели: Однесувањето на Гобер беше грозно
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јута, 12 април 2020 (МИА) – Поминаа повеќе од еден месец од позитивниот тест на Руди Гобер на коронавирус што предизвика сезоната на НБА да заврши, но нападите врз него сè уште не престанаа.

Бекот на Сан Антонио Спарс, Марко Белинели, го нарече однесувањето на Гобер „грозно“.

– Беше ужасно. Претпочитам да не споделам повеќе затоа што не сакам да кажувам работи што изгледаат навредливи или премногу сериозни, но беше ужасно рече Белинели за „Кориере Дела Сера“.

Гобер се потсмеваше со епидемијата и ги фати сите микрофони, откако заврши со тренигот на неговиот тим во Јута.

Покрај тоа, неговите соиграчи рекоа дека францускиот репрезентативец се однесувал исклучително слободно во соблекувалната на тимот, што довело до заразување на неговиот соиграч Донован Мичел.

За среќа, и двајцата се излечија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Васил Рингов  – 24info.mk

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем