Утрински Весник
Спорт

Маркос Ројо: Со Ибрахимовиќ се фативме за врат, Мурињо нè разделуваше

Маркос Ројо: Со Ибрахимовиќ се фативме за врат, Мурињо нè разделуваше

Ла Плата, 16 февруари 2020 (МИА) – Маркос Ројо моментно настапува како позајмен фудбалер во Естудијантес во Аргентина. Во разговор за „Сиело Спортс“ тој, меѓу другото, зборуваше за периодот минат во Манчестер јунајтед при што откри интересна ситуација од соблекувалната во 2016 година што ја имал со Златан Ибрахимовиќ.
– Игравме против Ростов во Лига Европа и бараше сите топки да ги додаваме до него. Во една ситуација не го сторив тоа, туку додадов до Погба по што почна да мавта со раце и да вика на мене. Многу работи ми изнакажа. Го зграпчив и му реков: „Што не е во ред со тебе, затвори уста“ на што мораше да реагира и Мурињо кој нè раздвојуваше, вели Рохо.
Рохо со тоа се претстави како еден од ретките кои се спротивставиле на Ибрахимовиќ со кого, додаде, дека е во добри односи. Го опиша Швеѓанецот како темпераментен човек кој во еден момент мора дас стави граница во однесување. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига