Утрински Весник
Спорт

Маркизио: Му реков на Погба дека згреши со трансферот во Јунајтед

Маркизио се договорил со Монако

Торино, 28 април 2020 (МИА) – Легендата на Јувентус, Клаудио Маркизио откри дека му кажал на својот поранешен соиграч Пол Погба пред една година дека донел погрешна одлука во 2016 година да го напушти тимот и да му се приклучи на Манчестер Јунајтед.

– Минатата година го сретнав на приватна манифестација и се расправав со него, велејќи му дека тој донел погрешна одлука да замине во Јунајтед и дека требало да остане во Јувентус. Сега работите се сменија малку, средниот ред на Јуве е различен, но се надевам дека ќе се врати, бидејќи тоа ќе биде добро за обете страни. Тој веќе ја познава Серија „А“ и ќе ја крене класата во состав, кој е веќе одличен, вели Маркизио.

На прашање за тоа што мисли за Маурисио Сари, Маркизио вели дека отсекогаш му се допаѓал начинот на кој тој го толкува фудбалот, особено во Неапол, но и кога ја освои Лигата на Европа со Челси.

– Сега влоговите во Торино се големи, но не е лесно да се пренесат идеи од еден клуб во друг. Тој го прави она што беше побарано да го стори – да се бори за Лигата на шампионите и врвот во Серија „А“, изјави Маркисио за„ Спорт Медијасет “.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина