Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Маркез на втора операција, одбраната на Мото ГП титулата изгледа далечна

Маркез на втора операција, одбраната на Мото ГП титулата изгледа далечна
300x250 opst2

Мото ГП шампионот Марк Маркез мораше да оди на втора операција за да се поправи оштетената плочка поставена во неговата рака, зголемувајќи ги сомнежите дека одбраната на титулата ќе биде невозможна за Шпанецот.

Маркез ја повреди раката при падот за време на првата трка од сезоната во Шпанија, по што веднаш беше однесен на операција, но се врати само три дена подоцна во обид да се натпреварува на трката во Андалузија, но се повлече по квалификациите.

Пред Чешкото ГП во Брно, пак, тој мораше да оди на нова операција во Барселона за поправање  на плочката и сега ќе мора да остане во болница барем 48 часа. Останува да се види дали тој ќе може да се врати на неделната трка.

Фабио Квартараро по двете победи во Херез има 50 поени предност во генерален пласман, кои можат да бидат одлучувачки во скратената Мото ГП сезона.

> Маркез на втора операција, одбраната на Мото ГП титулата изгледа далечна <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај