Утрински Весник
Спорт

Марка: Барди вреди помеѓу 20 и 30 милиони евра

Марка: Барди вреди помеѓу 20 и 30 милиони евра

Најтиражниот спортски медиум во Шпанија „Марка“ на својата интернет страница му посвети внимание на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Фудбалерот на Леванте сезонава во Ла Лига одигра 32 натпревари, постигна седум гола.

„Марка“ пишува дека Барди е еден од најдобрите играчи на Леванте и дека клубот може добро да заработи доколку реши да го продаде во преодниот рок.

„Време е клубот да донесе важни одлуки. Потребно е да го изблансира буџетот, а тоа може да го направи со продажба на фудбалери. Македонецот може да биде еден од нив“.

Барди во 2017 година од Ујпешт пристигна во Леванте за 1,5 милиони евра, а сега вреди речиси десет пати повеќе. Според „Трансфермаркт“ неговата цена изнесува 12 милиони евра, на колку што е проценет и соиграчот Хорхе Кампања.

„Марка“ пишува дека Леванте можат да добијат двојно повеќе од сумата на која што е проценет Барди.

Интерес за Барди покажуваат Арсенал и Фиорентина.

Енис Барди има договор со Леванте до јуни 2022 година и откупна клаузула од 50 милиони евра.

> Марка: Барди вреди помеѓу 20 и 30 милиони евра <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига