Скопје, 20 февруари 2020
Тажна слика е како кадрите на ВМРО ДПМНЕ ги водат секторите во кои се поставени. За жал, во трка по ексклузивни информации и покривање на лажните тези, дека министерот се бори против криминал и корупција, се доведе големата акција во ризик. Со таквиот однос во опасност е една акција, со меѓународен канал, започната во време кога Оливер Спасовски беше министер. И за еден килограм може да се растури цела интернационална операција, порача вечерва во емисијата „Патот кон“ на Аласат, секретарот за меѓунардона соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.
Тој додаде дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада заради партиски интереси ги кршат Уставот и законите.
За ситни поени се доведуваат под прашање големи операции. Имаме проблем во МВР и за вадење на патни исправи и лични документи. Жално е што Чулев и Мизрахи тераат лични партиски агенди и го крашат Уставот и законите и под прашање го ставаат целиот систем и неговото функцинирање. Овие министри се поставуваат заради изборите, да имаме фер и мирен процес а, не заради промоција на нови политики, не за да се докажуваат дека се подобри од некого и затоа се прават вакви киксови. И кога зборуваме за бегалците од правдата, сите што избегаа од државата се од партијата ВМРО ДПМНЕ, и Груевски и агентите од УБК – додаде Маричиќ
Тој најави дека ако Чулев не најде решение за пасошите, тогаш Владата е таа што го знае решението и ќе го реализира.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.