Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем мора да биде приоритет

Dik 300x250 mk

Реформите во правосудството се клучни за нашите граѓани и затоа треба да сме многу упорни и внимателни во овој процес, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето видеообраќање на европскиот Самит за дигиталзиација, на тема:„Придобивките од четвртата индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во судството“.

Во видеообраќањето Маричиќ истакна дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност и мора да биде приоритет во реформите во правосудството.

„Со првите опремени судници и овозможувањето на судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално. Дополнително ставањето во функција на дигиталните услуги за добивање потврди од казнената и прекршочна евиденција, направен е чекор напред во забрзување на овој комплексен процес, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност на правосудниот систем, како и заштеда на време и пари“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот вели дека Владата покажала искрена и силна заложба и посветеност во европеизација на земјата и изрази очекување за продолжување на соработката и поддршка од сите чинители на правосудниот систем.

„Судските реформи треба да работат во корист на граѓаните и да продолжиме цврсто да чекориме кон постигнување на целосно или барем приближување до идеалот за владеење на правото, како што постои во повеќето земји од ЕУ“, потенцираше Маричиќ на Самитот за дигитализација на судството.

Можете да прочитате

МЖСПП: Пластичниот отпад во Вардар е поради незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите

Обид за убиство во Скопје

Арсовска: Еден министер секојдневно врши притисок преку дипломатски претставништва да замолчам за криминалот до избори