Утрински Весник
Политички Партии

Маричиќ: Со пресуда потврдено дека се невистинити обвинувањата од Инфомакс

Маричиќ: Со пресуда потврдено дека се невистинити обвинувањата од Инфомакс

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Специјалниот советник во Владата на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ денеска на својот фејсбук профил објави дека добил пресуда дека невистинити биле пишувањата во одредени медиуми оти добил пари за учеството во преговорите за Договорот од Преспа од кои сум купил ексклузивен плац во Дебар Маало.

-Денес добив пресуда во која се утврдува дека Инфомакс изнесува невистини за мене и моето семејство и со тоа ги нарушил моите углед и чест. Пресудата утврдува дека ме наклеветиле кога изнеле НЕВИСТИНА дека сум добил пари за учество во преговорите за Договорот од Преспа од кои сум купил ексклузивен плац во Дебар Маало. Овие лаги повеќе пати се повторени на повеќе медиуми блиски до опозицијата. Денес тој балон пукна, а јавноста има можност да види кој пласира штетни лажни вести и кој е едниот од начините за справување со овој феномен, пишува Маричиќ на ФБ сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт