Утрински Весник
Македонија

Маричиќ : Почетокот на преговорите со ЕУ ќе донесе само позитивни промени

Маричиќ : Почетокот на преговорите со ЕУ ќе донесе само позитивни промени

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел одржа брифинг со Центарот за европска политика, каде го повтори ставот на Владата дека постои разочарување поради повторното блокирање на почетокот на преговорите со Северна Македонија, но и дека земјата нема да се откаже од европскиот пат, информираат од неговиот кабинет.

Според министерот за правда проблемот со Бугарија може да се реши само преку заемно почитување и со европско однесување.

„Доколку се има искрен пристап и однос кој не е потценувачки за никого, договор и одблокирање на процесот е можен“, изјавил Маричиќ.

Тој на ЕПЦ информирал и за длабоките реформи кои се спроведуваат со цел враќање на довербата на граѓаните во правната држава.

На брифингот Маричиќ говорел и за претстојниот попис и за неговото огромно значење за државата.

Министерот кажал дека првата фаза од попишувањето заврши успешно и дека за неколку денови, односно од први април ќе почне и успешно ќе се спроведе главната фаза на статистичката операција.

Тој кажал дека Северна Македонија немала попис веќе 20 години, а таа состојба повеќе е неиздржлива.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ