Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Потребен е консензус за промена на изборниот модел

Маричиќ: Потребен е консензус за промена на изборниот модел

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска изрази задоволство од конструктивноста на политичките субјекти и од досегашниот постиганат начелен договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но посочи дека дополнителнително останува да се дефинира самиот изборен модел.

,,Партиите ќе мора да продолжат и периодот после изборите, уште поинтензивно и конструктивно да пристапуваат кон ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани”, порача министерот.

Како што информираат од ресорното министерство, поголемиот дел од измените на Изборниот законик на кои се работело изминатиот период, според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, бил во делот на водење на избирачкиот список, начинот на кандидирање, финансирање на изборна кампања и заштита на избирачкото право.

Што се однесува околу самиот изборен модел, Маричиќ истакна дека ставот на владината коалиција е членовите на општинските совети да се бираат преку отворени листи.

„На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советите“, посочи министерот.

Тој воедно уште еднаш потенцираше дека Изборниот законик се менува со консензус и од таа пракса нема отстапување.

Можете да прочитате

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома