Утрински Весник
Македонија

Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција

Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судската полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.

Со ова, велат од Министерството, се решава долгогодишниот проблем на овие службеници, кои бараа зголемување на платите, а потпишувањето на правилникот е резултат на повеќемесечните преговори.

Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8 до 18 %. Најголемо зголемување добиваат Основниот кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело”

Се формира нова опозициска платформа против власта

Божиновска – Милер: Заедничка заложба за политики што ги ставаат децата и младите во фокусот