Утрински Весник
Македонија

Маричиќ од Брисел: Ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата

Маричиќ од Брисел: Ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел имаше две одделни средби со европратеникот и претседавачот на ЛИБЕ Комитетот, Хуан Фернардо Лопе Агулар, и хрватскиот европратеник Тони Пицула. Тема на разговорите беа реформите во правосудството кои ги презема Министерството за правда, како и евроинтеграциите.

Маричиќ ги потенцираше реформите во судството со фокус на проектот за дигитализацијата на судовите, процес на кој Министерството за правда интензивно работи, а ќе резултира со над 100 дигитализирани судници, што ќе претставува огромен технолошко-информатички скок и модернизација. Тоа ќе придонесе за побрзи и поефикасни судски постапки, а правдата ќе може непречено да биде испорачана и при услови на пандемија, а со тоа ќе се заштити и здравјето на сите вклучени со процесите.

Дополнително, министерот информираше и за процесот на филтрација во правосудството кој го спроведува Судскиот совет и што, според него, овој процес претставува за Министерството за правда, а тоа е враќањето на довербата на граѓаните во правната држава. На состаноците беа претставени и деталните планови за борба против корупцијата.

Можете да прочитате

Богата програма на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Муцунски во работна посета на Казaхстан

НЕМА МЕСТО ЗА ШИРЕЊЕ НА ПАНИКА: Нема во најава екстремно топол бран од Африка