Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот
Img 7972

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот. Според него, тоа е внатрешно прашање на државите во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија.

За време на прес-конференцијата со германската министерка за Европа, Ана Лирман, Маричиќ рече дека секоја група луѓе или етничка заедница, политичка партија или здружение има право да си ги бара своите права преку европските институции. Маричиќ е дециден дека дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот, во овој момент не би било продуктивно.

И новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски изјави дека Владата нема да се меша во внатрешните прашања на соседите.

Прашањето за македонското малцинство се наметна непосредно пред посетата на бугарскиот државен врв кој се очекува утре да допатува во Македонија. Претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков, изјави дека ниту тој, ниту други претставници на владата не разговарале со претставници на Амбасадата на САД во Бугарија за признавање на македонско малцинство во земјата.

„Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува“, рече Петков.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ праша кој друг освен Македонија да се интересира за правата на Македонците во Бугарија и дали изјавата на Маричиќ значи дека ќе побара Бугарија да не се меша во правата на малцинствата во Македонија? Според опозициската партија, срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое, како што велат, преставува продолжување и континуитет на срамните политики на заевизмот.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Нашиот модел ќе го реши јавниот превоз за наредните 100 години

Младиот Кико од Кочани се бори со најтешката болест – да му помогнеме!

Неготинец тешко повреден додека работел во хала на стопански комплекс