Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Неопходен е нов закон за воена и вонредна состојба

Маричиќ: Неопходен е нов закон за воена и вонредна состојба

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, се осврна на потребата од носењето на посебен Закон за воена и вонредна состојба.

Според Маричиќ, глобалната пандемија претставува сериозна закана и за демократските вредности и човековите права.

„Најзначајните прашања кои треба да се уредат во законот се начинот на прогласување на вонредната состојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот на уредбите, односно допрецизирање – што треба, а што не треба да биде предмет на владините уредби“, потенцираше министерот.

Во Министерството за правда веќе е формирана работна група од експерти кои во наредниот период ќе работат на подготовка на Нацрт-закон за воена и вонредна состојба.

Маричиќ истакна и дека министерството изработило Анализа на искуствата на институциите за време на вонредната состојба и уредбите со законска сила.

Според министерот, при регулирањето на ова прашање, потребно е да се земат предвид компаративната анализа на законодавството на земјите од регионот и другите држави членки на Европската унија, Анализата на Министерството за правда и искуствата од другите државни институции, академската заедница, како и граѓанскиот сектор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува заради тоа

Викендов променливо и попријатно време, ќе имаме и изолирани врнежи!

Македонски Нетфликс: Филмовите на Мицкоски дека платите месечно  растат по 11, 12 и 13% се навреда за народот, велат од СДСМ